Најмалку четворица загинати во катастрофата во Мајами, 159 луѓе се водат како исчезнати

Од:

Бројот на загинати во уривањето на висококатницата во американската држава Флорида се искачи на четворица луѓе, а спасувачите сè уште трагаат по повеќе од сто кои се водат како исчезнати.

Повеќе од една третина од 12-катната зграда, во која има 136 станови, се урна пред две вечери, во 1 часот и 35 минути по локално време.

– Досега имаме најмалку четири смртни случаи, а 159 лица се водат за исчезнати, рече градоначалничката на Мајами-Даде, Даниела Левин Кава.
Левин Кава денеска во интервју за Еј-Би-Си зјави дека три тела биле извлечени во текот на ноќта.

– Кога се разбудив, дознав дека три тела биле извлечени од урнатините минатата ноќ. Ова е трагична вест за семејствата кои се надеваат дека нивните најблиски преживеале. Се разбира, ние продолжуваме со потрагата. Досега не ги идентификувавме тие три тела, а бројот на жртвите во оваа трагична несреќа се зголеми на четири, рече градоначалничката.

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис изјави дека локалните и државните власти се надеваат дека повеќе луѓе ќе бидат спасени од урнатата зграда.
– Но, ние се подготвуваме и за лоши вести со оглед на уништувањето на кое бевме сведоци, рече ДеСантис.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“