Најмалку четири лица загинаа, а десет се ранети во експлозија во близина на џамија во дипломатскиот кварт на Кабул.
Од италијанската болница што се наоѓа во непосредна близина на местото на експлозијата е соопштено дека во установата се донесени 14 повредени лица, од кои четири лица им подлегнале на здобиените повреди.
Калид Задран, портпарол на началникот на полицијата во Кабул, рече дека цел на експлозијата биле верниците што ја напуштале џамијата Вазир Акбар Кан по петочната молитва.
Полициски екипи на талибанските власти се на местото на инцидентот, а истрагата е во тек.
Извор: МИА