Најмалку четири жртви во новиот земјотрес во Непал

Од:

Најмалку четири лица загинаа во новиот силен земјотрес од 7,4 степени според Рихтеровата скала што денеска го потресе Непал, јави Танјуг.

Непал прво беше погоден од земјотрес со 7,4 степени, но набрзо ова подрачје го потресе уште еден земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти американскиот Геофизички институт.

Жариштето на потресот било на длабочина од 19 километри, а епицентарот на 68 километри западно од градот Намче Базар, во близина на највисокиот врв на планетата-Монт Еверест, пренесоа британските медиуми.

Сеизмичките тресења на тлото ги натераа жителите на Катманду во панично истрчување на улиците, а брановите биле почувствувани дури до индиската престолнина Њу Делхи.

Во катастрофалниот земјотрес од 25 април загинаа над 8.000 лица и беа разурнати стотици илјади домови.

Непал се уште не може да се соземе од преживениот шок и огромните разурнувања.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on