Најмалку 9 загинати во напад врз џамија во Квета

Од:

Група вооружени мажи денеска уби најмалку 9 и повреди 10 лица откако отвори оган врз верници, кои излегувале од сунитска џамија во Квета, главниот град на провинцијата Белуџистан.

Нападот е извршен врз џамијата Фарукија, на излезот од Квета, ден по самоубиствениот напад во кој загинаа 38 лица. Белуџистан истовремено е центар на локално востание, напади на талибанци и на насилства против шиитската заедница.

Во нападнатата џамија се наоѓал и поранешниот министер од локалната власт Али Мадад Џатак. Неговиот автомобил бил изрешетан, но тој останал неповреден, изјави полициски претставник.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица