Најмалку 85 починати од епидемија на менингитис во Нигер

Од:

Во епидемија на менингитис, што од јануари беснее низ Нигер, веќе има 85 мртви, што ги натера властите од оваа земја од среда до понеделник да ги затворат училиштата во главниот град Ниемеј, изјави премиерот Бриги Рафини.

До 19 април во земјата беа регистрирани 908 случаи на менингитис, од кои 85 имаа смртен епилог, се наведува во последното соопштение што вчера вечер беше издадено од Министерството за здравство. Околу 70 отсто од заразените лица имаат од две до 15 години.

Прекинот на наставата е „мерка на претпазливост“ за на учениците да им се овозможи да „останат со своите семејства“ додека чекаат на вакцинација, рече премиерот.

– Веднаш ни се потребни 1,2 милиона дози вакцини и затоа упатуваме апел до сите наши партнери, рече тој.

Нигер е една од најсиромашните земји во светот во која редовно има епидемии на менингитис заради нејзината положба во „појасот на менингитис“, што се шири од Сенегал на запад до Етиопија на исток“, соопшти Светската здравствена организација.

Би можело да ве интересира

Воената хунта се закани: Ќе го убиеме соборениот претседател

Бунтовниците во Нигер тврдат: Француската војска ги нападнала припадници на националната гарда

Се собира војска, ќе има војна: 25.000 војници се подготвени

Предраг Петровиќ

Хунтата во Нигер го затвори воздушниот простор поради заканите за воена интервенција

Нигер: Воената хунта побара помош од Вагнер

Сменетиот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“