Најмалку 81 лице загина, а 34 се водат како исчезнати откако тајфунот Трами го погоди северозападниот дел на Филипините.
Како што соопшти владината Агенција за вонредни ситуации, се очекува бројот на жртвите да се зголеми бидејќи продолжуваат да пристигнуваат извештаи од други области, пренесе АП.
Речиси половина милион луѓе избегаа во повеќе од 6.400 засолништа кои се отворени во неколку провинции.
На итен состанок на владата, претседателот Фердинанд Маркос изрази загриженост поради извештаите на владините метеоролози дека бурата, единаесетта што ги погоди Филипините од почетокот на годината, може да го промени правецот следната недела.
Филипинската влада пред три дена ги затвори училиштата и владините канцеларии за да ја осигура безбедноста на милиони луѓе на островот Лузон, пренесува Танјуг.