Најмалку 800 лица бликирани долж заснежените патишта во северна Франција

Од:

Зимата во Франција се врати и обилни снежни врнежи изминатата ноќ блокираа стотици луѓе во нивните автомобили долж патиштата во северниот дел на земјата, пренесе ДПА.

Префектот на департманот Манш, во Нормандија, преку Фејсбук упати повик до жителите на реонот да им помогнат на приближно 800-те лица кои останаа по патиштата. Меѓу 200 и 300 се блокирани долж националниот автопат меѓу Сен Жозеф и Шербур. Многумина возачи ги оставиле своите автомобили и побарале засолниште.

Полицијата, жандармеријата и пожарникарите им помагаат на луѓето, кои се останати долж патиштата во повратената зима, додаде ДПА.

Над 68.000 домаќинства во Бретања и Долна Нормандија, во западна Франција, останаа без струја по обилниот снег, што вчера паѓаше цел ден, пренесоа француските медиуми.

Во 26 департмани во северна и западна Франција е прогласено портокалово ниво на опасност заради снегот, што оваа сезона беше забележан и со количествата, и со времетраењето на врнежите, што се очекува да запрат во среда наутро, соопшти метеоролошката служба.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз