Најмалку 80 лица загинале во силниот земјотрес во западната пакистанска провинција Белуџистан, соопштија локалните власти.
Се очекува бројот на жртвите да се зголеми, бидејќи многу луѓе се затрупани под урнатините на зградите.
Сите смртни случаи, потврдени досега, се во југозападната област Аваран, каде бил епицентарот на потресот со интензитет од 7,8 степени по Рихтер.
Најмалку 30 проценти од куќите во Аваран се разурнати. Во сиромашната област беше прогласена вонредна состојба.
Над 40 лица загинаа денеска во потрес во Југозападен Пакистан во април. Најкатастрофалниот земјотрес во историјата на земјата се случи во 2005 година кога загинаа 74.000 лица.