Најмалку 78 луѓе загинаа при експлозија на бензиска станица во главниот град на Гана – Акра.
– Повеќето луѓе се собрале таму за да се скријат од пороен дожд, изјави за локални медиуми портпарол на противпожарната служба.
Десетина луѓе се хоспитализирани. Се претпоставува дека тоа било несреќен случај поврзан со поројните дождови, јавуваат американски медиуми.