Најмалку 70 припадници на ирачката армија и полицијата загинаа во денешниот напад на припадниците на Исламска држава врз градот Хит, во западната провинција Анбар.
Екстремистите во моментот имаат контрола врз поголем дел од градот. Тие имаат контрола врз неколку полициски станици и конролни пунктови, а заплениле и неколку тенкови, арсенал оружје и специјална техника.
Претставник на ирчката армија изјави дека градот „не се предава“ и дека продолжуваат борбите против Исламска држава.