Најмалку 627 убиени во израелски напади за време на 12-дневниот конфликт

Од:

Најмалку 627 лица се убиени во Иран за време на 12-дневниот конфликт со Израел, објавија денес иранските медиуми, повикувајќи се на Министерството за здравство на земјата.

Исламската Република Иран (IRIB) објави дека најмалку 4.870 лица биле повредени во израелските напади во тој период.

Министерството за здравство на Иран соопшти дека 86 проценти од жртвите починале на местото на нападите.

Иранскиот претседател Масуд Пезизкијан го објави крајот на 12-дневната војна со Израел во вторник вечерта, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прогласи победа.

Би можело да ве интересира

Aрагчи: Техеран е подготвен и за преговори и за војна

А1он

Акрамини предупредува: Иранската војска е подготвена за итен одговор

Трамп: Планирам да разговарам со Иран

Трамп има три опции против Иран: Сите се ризични, но нема враќање назад – една е дефинитивно најсигурна

EurActiv: Иранските реформисти приватно го повикуваат Хамнеи да се повлече

Нова одлука на ЕУ: Иранската револуционерна гарда официјално е на листата на терористички организации

Горан Наумовски