Милиони жители на Бангладеш и Индија останаа блокирани во своите домови оради поројните дождови и поплави, соопштија локалните власти.
Во Бангладеш околу два милиони лица се погодени од најлошите поплави на североистокот од земјата во последните речиси две децении, јави „Гардијан“.
-Најмалку 100 села во Закиганџ се поплавени, откако водата што надоаѓа од североисточна Индија, го проби големиот насип на реката Барак, изјави Мошараф Хосеин, главен владин администратор на регионот Силхет.
„Во поплавите досега се заглавени околу два милиона лица“, вчера изјавио Хосеин.
Бројни делови од Бангладеш и околните региони во Индија се подложни на поплави, а експертите велат дека климатските промени влијаат на веројатноста дека ќе дојде до екстремни временски настани ширум светот, вклучувајќи го и овој дел од Азија.
Десетици лица во Индија ги загубија животите минатата недела, по неколкудневни поплави, клизишта на земјиштето и бури, соопштија локалните служби за катастрофи.
Извор: МИА