Најмалку 55 загинати во пожар во кланица за птици во Кина

Од:

Најмалку 55 лица загинаа, а десетици се ранети во пожар во кланица за птици во североисточна Кина.

Пожарот бил предизвикан рано изутринава поради кус спој во еден од производствените погони на компанијата „Баојоан“ во градот Духеј во провинција Џилин.

Над 300 лица се наоѓале во кланицата за птици при избувнувањето на пожарот. Стотина работници успеале да ја напуштат фабриката, чии врати биле заклучени во моментот кога се разгорел огнот.

Спасувачките операции се отежнати од сложената конструкција на зградата, во која избувна пожарот и поради тесните излези.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски