Од 6 април 2020 година досега, во Франција се потврдени се 50 случаи на хемолитичко-уремични синдроми (ХУС) и инфекции со бактерија E. coli поради консумирање пици од брендот Buitoni, Fraîch’Up.
Најпогодени се деца – 48 случаи и 2 возрасни лица. Две деца починаа поради труењето. Масовното повлекување на овие пици од продажните синџири започна во средината на март, јави дописникот на МИА.
Овие 50 случаи се регистрирани во 11 региони на Франција.
Засега е отворена истрага за „убиство од небрежност“, „измама“ и „загрозување на другите“, соопшти париското обвинителство. Оваа истрага, спроведена од центарот за јавно здравје на париското обвинителство, е отворена од 22 март.
Извор: МИА