Најмалку 50 лица се водат како исчезнати откако два ферибота се судрија на реката Буриганга, во близина на главниот град на Бангладеш, Дака и едниот брод потона.
Со потонатиот ферибот, според локалните медиуми, се превезувале околу 100 патници.
Од 10 до 15 патници успеале да допливаат до брегот.
Бродските несреќи се чести во Бангладеш, земја со голем број реки. Експертите предупредуваат дека несреќите се случуваат поради непочитување на безбедносните мерки за пловидба.