Најмалку 50 египетски војници убиени во напади на Синејскиот Полуостров

Од:

Бројот на загинати во нападите на Синајски Полуостров се искачи на 50 луѓе. Одговорноста за денешните координирани напади врз египетските војници го презеде египетскиот огранок на Исламска држава.

– Лавовите на халифатот во провинцијата Синај нападнаа повеќе од 15 позиции на египетската армија, објави интернет-изданието на „Ансар бејт ал макдис“, египетски огранок на ИД.

Врз еден контролен пункт во северниот дел на Синејскиот Полуостров беше изведен самоубиствен напад со автомобил-бомба.

Според воени извори, нападите биле извршени јужно од градот Шеик Зуеид врз шест контролни пункта, обезбедувани од армиски припадници.

Екстремистите киднапирале војници и заплениле неколку оклопни возила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува