Најмалку 48 луѓе загинаа во поплавите во Малави

Од:

Најмалку 48 луѓе загинаа, а 23.000 ги напуштија домовите поради поплавите во Малави, чии власти апелираа за помош од меѓународната заедница.

Најголемиот број на загинати се од селата во округот Мангоче, област која се наоѓа на околу 100 километри јужно од економскиот центар Блантајер.

– Луѓето побегнаа во училиштата и во црквите на повисок терен, други се наоѓаат на отворено, бидејќи немаат каде да се засолнат, изјави претставник на локалната власт Греј Мкванда.

Тој додаде дека дел од луѓето настрадале кога им се урнале куќите во Блантајер.

Портпаролката на полицијата Елизабет Дивала изјави дека се уште се трага по две деца исчезнати во поплавите.

Претседателот на Малави Питер Мутарика третина од земјата ја прогласи за „зона на природна катастрофа“ и побара итна меѓународна помош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски