Најмалку 45 лица загинаа при ударот на циклонот Махасен врз Бангладеш, Мјанмар и Шри Ланка, соопштија денеска надлежните власти на овие три земји од Југоисточна Азија.
Циклонот предизвика многу помалку штети од очекуваното.
Повеќе од еден милион луѓе беа евакуирани од крајбрежјето на Багладеш, а ОН предупреди дека би можеле да бидат загрозени над осум милиони луѓе.
Јачината на Махасен попладнево се намали и стигна до степен на тропска бура.