Во голем пожар што синоќа избувна во магацин за контејнери во југоисточниот дел на Бангладеш загинаа најмалку 44 луѓе, а повеќе од 170 се повредени.
Меѓу загинатите петмина се пожарникари, а повредените се 40 се пожарникари и 10 полицајци.
Пожарот се случи во контејнерски објект во Ситакунди, на 40 километри од пристанишниот град Читагонг, предизвикувајќи големи експлозии, што ги оштетија куќите во близина.
Сè уште е непозната причината за пожарот.