Најмалку 42 убиени при напад врз средно училиште во Нигерија

Од:

Најмалку 42 лица, меѓукои најголемиот број ученици, се убиени денеска при напад на припадници на ислмистичкото милитантно движење Боко Харам врз едно средно училиште во североисточната нигериска држава Јобе.

Претставник на локланата болница во градот Посикум соопшти дека во нивната установа биле донесени тела на 42 ученици и наставници.

Според претставник на нигерисксите безбедносни сили, напаѓачите подметнале пожар во делот од зградата на ушилиштето каде што се наоѓал интернатот со спалните соби за учениците, по што пукле врз секој што ќе се обидел да излезе од опожарениот објект.

Дел од преживеаните во нападот, што се случил пред зори, изјавија дека дел од загинатите деца живи изгореле во запалената зграда.

При напади на припадници на Боко Харам од 2009 година, па досега, загинаа над 3.000 лица. Движењето Боко Харам се залага за создавање независна исламистичка држава на северот од Нигерија.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи