Најмалку 42 лица, меѓукои најголемиот број ученици, се убиени денеска при напад на припадници на ислмистичкото милитантно движење Боко Харам врз едно средно училиште во североисточната нигериска држава Јобе.
Претставник на локланата болница во градот Посикум соопшти дека во нивната установа биле донесени тела на 42 ученици и наставници.
Според претставник на нигерисксите безбедносни сили, напаѓачите подметнале пожар во делот од зградата на ушилиштето каде што се наоѓал интернатот со спалните соби за учениците, по што пукле врз секој што ќе се обидел да излезе од опожарениот објект.
Дел од преживеаните во нападот, што се случил пред зори, изјавија дека дел од загинатите деца живи изгореле во запалената зграда.
При напади на припадници на Боко Харам од 2009 година, па досега, загинаа над 3.000 лица. Движењето Боко Харам се залага за создавање независна исламистичка држава на северот од Нигерија.