Најмалку 40 лица загинаа и десетици беа повредени во терористички напад во центарот на Алепо. Според телевизијата „Ал Арабија“ автомобилот пол со експлозиви бил кренат во воздух на плоштадот „Марџ“ во вториот по големина град на Сирија.
Претходно, Рами Абдел Рахман, директор на Сирискиот центар за набљудување на човековите права, изјави дека во експлозијата се убиени најмалку 11 сириски бунтовници.