Најмалку 40 загинати при самоубиствен бомбашки напад во Сирија

Од:

Најмалку 40 лица загинаа при самоубиствен напад со автомобил-бомба во Сирија, јави ИТАР-ТАСС.

Нападот е извршен синоќа врз воен контролен пункт во градот Деир Атие, на 80 километри северно од Дамаск. Меѓу жртвите има воени лица и цивили, а меѓу нив и деца.

Сириската армија последниве денови спроведува специјална операција против бунтовниците во соседните градови Набак и Јабруд, кои се наоѓаат на патот Дамаск-Холмс.

Најмалку 29 лица загинаа вчера во интензивни бомбардирања во северозападната провинција Идлиб, соопшти опозицискиот Сириски центар на мониторинг на човековите права.

Центарот, со седиште во Лондон, додаде дека меѓу загинатите има осум жени и шест деца. Според Центарот, поголемиот дел од регионите, кои биле бомбардирани се под контрола на бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија