Во рок од еден час се случиле две страшни сообраќајни несреќи во Велика Британија на автопатите М40 и М1 во кои животот го загубиле четири лица, а речиси 50 се повредени.
На делови на мрежата патишта во Бедфоршир и Оксфордшир сообраќајот е прекинат. Несреќите ги предизвикала густата магла, пренесе Дејли мејл.
Во првата несреќа автобис се забил во еден автомобил, додека другата несреќа била верижен судир во кој учествувале околу 40 возила меѓу кои и два шлепери. Повредените лица со хеликоптери биле пренесени до најблиските болници.
Итна помош и пожарникари се на лице место.
Портпаролот на полицијата, Тејмс Валеј потврди дека уште 6 лица се тепко повредени во судирите.