Најмалку 376 загинати и речиси 2.000 повредени во земјотресот во Кина

Од:

Најмалку 376 лица загинаа, а речиси 2.000 се повредени во земјотресот што во неделата ја погоди провинцијата Јунан, во југозападниот дел на Кина.

Според Американскиот геолошки институт земјотресот бил со јачина од 6,1 степен по Рихтер, додека кинеската сеизмолошка служба соопшти дека потресот бил со јачина од 6,5 степени по Рихтер.

– Најмалку 367 лица загинаа, а 1.881 е повредено, соопшти кинеската агенција Синхуа, повикувајќи се на спасувачките служби. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, под градот Лионгтоушан, што е најтешко погоден.

Според кинеските власти тоа е најтешкиот потрес во провинцијата Јунан во изминатите 14 години. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази сочувство на кинеската влада и семејствата на загинатите. Во соопштението се наведува дека ОН се подготвени да пружат помош на кинеските власти.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски