Тензично и опасно во Нигерија. Најмалку 36 лица загинаа во неколку напади врз христијански цркви во северниот дел на Нигерија и во судири меѓу христијаните и муслиманите.
За да се зачува редот и мирот, веднаш по нападите е воведен 24 –часовен полициски час во покраината Кадуна.
Првите две експлози, кои ги предизвика бомбаш самоубиец, се случија во период од неколку минути, а цел им беа две цркви во Зарија, изјави шефот на полицијата во покраината Кадуна, Мохамед Абубакир Џинџири.
Трета експлозија одекна кај црквата во градот Кадуна, половина час подоцна.
Група христијани, отако веста за нападите стигна до јавноста, излегоа на гланиот автопат, кој води до Абуџа и ги напаѓаа сите оние за кои сметале дека се муслимани.
Во судирите се повредени најмалку сто лица.