Најмалку 36 повредени, од кои 11 сериозно поради турбуленции на лет за Хаваи

Од:

Aвион на компанијата „Хаваи ерлајнс“, што летал на линијата од Феникс, Аризона, до Хонолулу, Хаваи, вчера, на 30-тина минути пред слетувањето доживеал силни турбуленции, при што биле повредени најмалку 36 лица, од кои 11 сериозно, а меѓу нив има и деца.

Службите за итни случаи, вклучувајќи пожарникари, екипи на Брзата помош и Државниот спасувачки тим за пожари, биле повикани на аеродромот да одговорат на „итната ситуација со масовни жртви“ што се случи околу 11 часот, пишува Гардијан.

Од повредените 20 се пренесени во Ургентен центар, од кои 11 се во тешка состојба, а девет се во стабилна состојба.

Националната метеоролошка служба наведува дека е можно силните турбуленции да биле предизвикани од минувањето на авионот низ бура, бидејќи во тој момент во областа на летање биле пријавени грмотевици.

Портпаролот на авиокомпанијата „Хаваи ерлајнс“ додаде дека авионот „Ербас А330“ превезувал 278 патници и 10 членови на екипажот и влегол во зоната на турбуленции додека се приближувал до островите.

Би можело да ве интересира

Тревога во воздухопловната база Ендрјус, забележано непознато вооружено лице

ВИДЕО: Силни турбуленции, повредени 10 патници-снимка на летот над Лисабон

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Врисоци, летаат предмети-снимки за најстрашните турбуленции во авионите

Предраг Петровиќ

Авион што летал за Охрид од Дортмунд нагло го променил правецот и принудно слетал во Венеција

Катерина Павлова-Николовска

Загина пилот откако се урна руски воен авион

Загина копилотот по падот на авионот на грчката воена морнарица