Најмалку 33 лица загинаа, а над сто се ранети денеска придвоен бомбашки напад во градот Џалалабад во источниот дел на Авганистан, соопшти локалната полиција.
Првиот напад се случи пред експозитура на „Кабулската банка“, каде поголем број државни службеници чекале да ги подигнат своите плати. Според полицијата, експлозивната направа била поставена на еден велосипед, паркиран пред банката.
Веднаш по овој напад, во Џалабад експлодира уште една бомба поставена пред општинскиот Оддел за информации и култура.
Набрзо по нападите се огласија талибанските бунтовниции кои отфрлија каква и да било нивна поврзаност со овој терористички напад, но потоа, како што јави ТАСС, одговорност за нападите презеде огранокот на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Авганистан.
Во јануари годинава лидерите на ИД прогласија формирање „Емират Хорасан“, во кои влегуваат териториите на Авганистан, Пакистан, Индија и Бангладеш. За „емир на Хорасан“ беше прогласен еден од лидерите на пакистанските талибанци, Хавез Саид Хан.
За три месеци постоење огранокот на ИД во Авганситан изврши серија напади во кои загинаа над 40 лица.