Најмалку 33 лица загинаа во три бомбашки напади во Нигерија

Од:

Најмалку 33 луѓе загинаа денеска во три одделни бомбашки напади во Маидугури, најголемиот град во североисточниот дел на Нигерија, соопштија очевидци и локални претставници.

Првиот напад го извршила жена-самоубиец која го активирала експлозивот пред пазар за риба, при што загинале најмалку 18 лица.

Во вториот напад, кој следел еден час подоцна на друг пазар, се убиени најмалку 15 лица, изјави претседателот на синдикатот на рибари Абубакар Гаманди, повикувајќи се на очевидци и здравствени работници.

Комесарот за правда на државата Борно, Кака Шеху ги потврди двата бомбашки напада, додавајќи дека трета бомба експлодирала малку подоцна на фреквентна автобуска станица.

Маидугури е двомилионски главен град на нигериската држава Борно, која се смета како упориште на екстремистичката група Боко Харам.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи