Најмалку 33 лица загинаа во невреме во јужниот дел на Кина

Од:

Најмалку 33 лица загинаа, а 12 се водат за исчезнати откако поројни дождови го зафатија јужниот дел на Кина, соопштија денеска кинеските власт.

Невреме проследено со силни ветрови од вторникот зафати девет кинески провинции, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето.

Најтешко погодена е провинцијата Гуангдонг, каде загинаа 19 лица, а 11 се сметаат за исчезнати, соопшти кинеското министерство за цивилни прашања.

Метеоролошката служба вчера објави дека во некои области за девет часа наврнале над 20 сантиметри дожд. Според прогнозите дождот ќе продолжи и во следните неколку дена.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он