Најмалку 32 загинати во несреќа на турски товарен авион во Киргистан

Од:

Над 30 луѓе загинале во падот на товарен авион на Туркиш Ерлјанз во близина на аеродромот во Бишкек, главниот град на Киргистан. Властите соопштија дека авионот од типот „Боинг 747“ се урнал денеска на само неколку километри од меѓународниот . Авионот бил на рута од Хонг Конг за Истанбул и требало да полни гориво во Манас, но се урнал во населено место при што уништил 20 куќи.

Повеќето од жртвите, меѓу кои има и шест деца, биле жители на населеното место врз кое паднал авионот „Боинг 747“.

Аеродромските власти соопштија дека авионот летал од Хонг Конг за Истанбул, а на меѓунрародниот аеродром требало да има привремено слетување, но се урнал додека се обидувал да се приземји во услови на густа магла, забележуваат британските медиуми.

Заради несреќата аеродромот е затворен.

Министерството за вонредни ситуации соопшти дека во несреќата биле разурнати 15 куќи.

Според информации на агенцијата Анадолија, урнатиот авион припаѓал на турската авиокомпанија „Мај карго ерлајнс“, позната, исто така, и како „Еј-Си-Ти Ерлајнс“, посочува ТАСС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Жена загина во несреќа на скопската обиколница

Горан Наумовски

Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

А1он

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија