Најмалку 31 лице загина во поплавите и свлечиштата на југот на Филипините, јавија дел од британските медиуми.
Во тек е спасувачка операција и се трага по исчезнати лица.
Поплавите го погодија островот Минданао.
Филипините се во состојба на готовност поради тропската бура Налга што треба да ја погоди земјата в сабота или недела.
Според метеоролозите, обилните дождови се најава на невремето што следува.
Евакуирани се околу 5.000 луѓе на северниот дел од Филипините.
Извор: МИА