Најмалку 30 загинати во северозападен Пакистан

Од:

Најмалку 30 луѓе загинаа денеска во северозападен Пакистан во напад на талибанци врз пункт на провладина милиција.

Околу 300 исламисти бунтовници вооружени со минофрлачи и огнено оружје презедоа напади во текот на ноќта врз реон на градот Пешавар, близу границата со Авганистан.

Талибанците се повлекле по неколкучасовна борба.

Според владини извори, убиени се 15 бунтовници и уапсени осуммина талибанци. Во гранатирањето загинале тројца цивили. Талибанците објавија дека убиле 13 припадници на провладината милиција.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица