Најмалку 30 рудари загинаа во рудник во ДР Конго

Од:

Најмалку 30 рудари загинаа, кога во североисточниот дел на Демократска Република Конго се урна дел од рудник за злато, кој работел незаконски.

Според локалните медиуми, во подрачјето Ватска, сместено во близина на границата со Уганда, на длабочина од 17 метри дошло до уривање на дел од рудник кој работел незаконски, пренесува Анадолија.

Спасувачките екипи дошле до телата на 30 рудари кои останале под урнатините на рудникот, но не се знае колку точно луѓе имало во рудникот во моментот на несреќата. Поради тоа што рудникот работел незаконски, се наоѓал далеку од населено место, па несреќата е забележана еден ден подоцна. Локалните власти посочуваат дека причина за несреќата најверојатно се обилните врнежи од дожд.

Во октомври, во источниот дел на земјата се урна дел од рудник за злато кој работел незаконски. Во таа несреќа животот го загубија 20 рудари.

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска