Најмалку 30 лица загинаа во поплави во Мозамбик

Од:

Најмалку 30 лица загинаа изминатите денови во поплавите во северен Мозамбик, соопштија властите во африканската земја.

Во поплавите загинаа жители на северната провинција Нампула, каде се разурнати над две илјади домови. Илјадници семејства останале без покрив над главата и тие привремено се населени во кампови за бегалци. Властите во Нампула ги евакуираат жителите од регионите, на кои им се закануваат поплавите.

Од почетокот на дождовната сеозна во октомври во поплавите во јужен Мозамбик загинаа 105 лица.

Претставници на хидроенергетскиот комплекс Кабора Баса изјавија дека во секој момент може да биде прекинат дотокот на струја за Јужна Африка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски