Најмалку 30 цивили убиени во американски воздушни напади во Авганистан

Од:

Најмалку 30 авганистански цивили се убиени во воздушни напади извршени од страна на американските војници во западниот дел на земјата во она што стана најкрвавиот бомбашки напад во последните три месеци, изјави во понеделникот гувернерот на областа Баква во провинцијата Фарах, Абдул Гафур Муџахеди.

Тој наведе дека воздушните напади биле насочени кон фабрики кои произведувале нелегални дроги, што тој ги опиша како еден од главните извори на приход за радикалното талибанско движење.

Според Муџахет, шестмина членови на едно семејство, меѓу кои и жени и деца, биле меѓу загинатите во воздушните напади.

Во последниот извештај објавен во април, Обединетите нации соопштија дека воздушните напади на провладините сили убиле повеќе цивили од Талибанците во првиот квартал од 2019 година.

Авганистанските национални сили за одбрана и безбедност во моментов спроведуваат заеднички операции за борба против тероризмот низ целата земја со поддршка од меѓународната коалиција.

Би можело да ве интересира

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

На Американците им е доста од политиката, сè помалку ги следат вестите

Бајден ги замени смртните казни на 37 осуденици со доживотен затвор пред Трамп да ја преземе функцијата