Најмалку 29 загинати во нападот на турската армија врз сирискиот град Џараблус

Од:

Во турските воздушни и артилериски напади врз пограничниот сирискиот град Џараблус, кој е под контрола на Исламска држава, загинаа 29 луѓе, меѓу кои и едно четиричлено семејство, јави курдската новинска агенција Фарат.

Агенцијата наведува дека припадниците на ИД го напуштиле градот по нападот на турската армија.

Претходно, локални медиуми јавија дека турските специјални сили влегле во Џараблус од север и од запад и воспоставиле контрола над градот. Тие јавуваат и за загинати и повредени лица, нагласувајќи дека е итно е потребна медицинска помош.

Турски тенкови утрово ја преминаа сириската граница. Тенковите имаа поддршка од воздух од воените авиони на коалицијата предводена од САД против ИД.

Официјална Анкара соопшти дека воената операција е со цел ликвидирање на позициите на ИД во близина на границата со Турција. Турската армија ги поддржува вооружените формации на умерената опозиција, која се бори против ИД.

Претходно, сириските Курди го осудија денешното навлегување на Турција во градот Џараблус. Тие тоа го оценија како „објавување на војна“.

– Турското вмешување во Џараблус е нарушување на суверенитетот на Сирија… и објавување на војна на (курдската) автономна администрација и федералниот систем – изјави Алдар Халил, член на сириската курдска Партија Демократски сојуз.

Во март Партија Демократски сојуз и неколку групи нивни сојузници прогласија федерален систем на администрацијата во северна Сирија.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

CBS: 11 мртви, повеќе од 300.000 евакуирани во пожарите во Лос Анџелес

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Русија: Соборен е украински Су-27, загинаа повеќе од 580 украински војници