Најмалку 28 жртви од тајфунот Хагупит на Филипините

Од:

Тајфунот Хагупит ослабна и се повлекува од Филипините, откако зеде најмалку 28 жртви во источните и централни провинции на земјата и протера над 1,6 милион лица од своите домови, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти.

Хагупит во Манила за време на ноќта донесе само умерени ветрови и дожд и беше ослабнат до ниво на тропски циклон.

Нема податоци за поплави во главниот град Манила, каде училиштата, државните служби и финансиски пазари беа превентивно затворени поради бурата.

Бурата Хагупит се очекува да ја напушти територијата на Филипините до среда на попладне.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони