Најмалку 28 повредени во железничка несреќа во Тајланд

Од:

Најмалку 28 патници се полесно повредени кога ноќен воз излета од шините во северниот дел на Тајланд, соопшти денеска Националната железничка компанија.

Во возот, кој патувал на линијата Бангкок-Чиангмај, имало околу 300 патници. Инцидентот се случи во провинцијата Фре, кога седум од вагоните излетале од шините и се превртеле, при што полесно се повредени 28 туристи од Франција, Австралија, Шпанија, Кина, Јапонија и САД.

– Случаите на излетување на воз од шините се многу чести, изјави директорот на желзничката компанија Прапат Чонгсангуан, нагласувајќи дека шините се во процес на обновување.

Thailand Accidentt

Тој истакна дека според првичните сознанија, инцидентот се случил поради старите шини. Тајландската Влада во март му даде зелено светло на планот за развој на транспортот, вреден 52 милијарди евра.

Седумгодишната програма, која треба да биде одобрена од Парламентот, предвидува вкупно 200 супербрзи возови да се движат по четири линии, кои ќе го поврзат главниот град со северниот, североисточниот, јужниот и источниот дел на земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Жена загина во несреќа на скопската обиколница

Горан Наумовски

Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

А1он

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Васко Саздовски е Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он