Најмалку 27 рудари загинаа кога се урна дел од рудникот за јаглен Абхорак, во северната авганистанска провинција Саманган, а се стравува дека најмалку 13 рудари останале затрупани.
Четворица спасувачи се тешко повредени затоа што екипите немале соодветна опрема.
Рудникот се наоѓа на 215 километри северно од Кабул.
Авганистан има големи резерви на нафта, гас, бакар, кобалт, злато и литиум.