Најмалку 24 ученици денеска загинаа откако избувна пожар во училиште изградено од дрво и слама во градот Маради, јужен Нигер.
Огнот зафатил три училници. Во пожарот околу 80 девојчиња и момчиња се здобија со тешки изгореници.
Засега не е позната причината за пожарот.
Според Обединетите нации, Нигер со околу 25 милиони жители е една од најсиромашните земји во светот и има една од најниските стапки на писменост во Африка.
Поради нискиот буџет за образование, нема доволно училишта во земјава, а многу се импровизирани од дрво, слама и лим. Во некои рурални средини наставата се одвива под сенката на дрвјата.