Најмалку 22 загинати и стотици повредени во демонстрациите во Бангладеш

Од:

Најмалку 22 лица загинаа и стотици се повредени во Бангладеш во судир на полицијата и неколку десетици илјади исламисти кои бараат воведување закон против богохулење, соопштија денеска полицијата и извори од болниците.

Портпарол на полицијата изјави дека синоќа и ноќесна силите на редот употребиле звучни гранати, водени топови, солзавец и гумени куршуми за да растераат најмалку 70.000 исмалисти кои се собраа во трговски дел од градот Мотиџхила барајќи воведување на законот.

– Тие напаѓаа со цигли, камења, шипки и бамбусови стапови, изјави Масудур Рахман, портпарол на полицијата. Демонстрантите се разотидоа денеска.

Судирите почнаа вчера попладне по локално време и траеја со до утрото денеска. Протестите почнаа откако неколкустотици илјади исламисти кои бараат воведување нов закон против богохулење, блокираа автопатишта.

Активисти на екстремистичката органзиација Хефаџат-е-ислам демонстрираа низ шест автопатишта блокирајќи го сообраќајот меѓу Дака и други градови и притоа извикуваа: Едно барање-атеистите мора да бидат обесени.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници