Најмалку 22 луѓе загинаа во престрелка меѓу армијата на Нигер и исламистите

Од:

Најмалку 18 војници и четворица исламисти загинаа во престрелката што уследи по нападот со атомобил-бомба врз касарна во градот Агадез, Северен Нигер.

Еден од напаѓачите земал два или три војници за заложници и се забарикадирал во куќа, која е опколена од армијата.

Движење за единство и џихад во Западна Африка ја презеде одговорноста за нападот врз касарната, како и за нападот врз рудникот во Агадез, која е експлоатиран од француската компанија „Арева“.

– Со волјата на Алах, ние извршивме две операции врз непријателите на исламот во Нигер. Ние ја нападнавме Франција, но и Нигер за неговата соработка со Франција во војната против шеријатот, изјави портпаролот на Движењето, Абу Валид Сахрави.

Војници на Нигер се дел од африканските сили распоредени во Мали.

Би можело да ве интересира

Воената хунта се закани: Ќе го убиеме соборениот претседател

Бунтовниците во Нигер тврдат: Француската војска ги нападнала припадници на националната гарда

Се собира војска, ќе има војна: 25.000 војници се подготвени

Предраг Петровиќ

Хунтата во Нигер го затвори воздушниот простор поради заканите за воена интервенција

Нигер: Воената хунта побара помош од Вагнер

Сменетиот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“