Боливиската полиција соопшти дека во судир на два автобуса загинале 22 лица, а 37 се повредени.
Несреќата се случи на пат кон градот Чалапати, кој е оддалечен 250 километри од Ла Паз.
Градоначалникот на Чалапати, Мартин Фелисијано изјави дека можно е да се зголеми бројот на жртвите.
Причина за нереќата е неприлагодена брзина на еден од автобусите.