Најмалку 21 лице загинаа во пожар во болница во Јужна Кореја

Од:

Најмалку 21 лице загина, а шестмина се тешко повредени во пожар во болница во јужнокорејскиот округ Јансеонг, јужно од главниот град Сеул, јавија јужнокорејските медиуми.

Поголем дел од загинатите се стари луѓе над 70 и 80 годишна возраст. Меѓу жртвите има и медицински персонал.

Властите соопштија дека повеќето од настраданите се задушиле. Пожарот бил угаснат половина час по алармирањето. Полицијата соопшти дека привела 81-годишен пациент, кој страда од деменција, откако надзорната камера го снимиила како влегува во просторијата каде изби пожарот.

Би-Би-Си објави дека голем дел од пациентите од горните спратови не можеле да побегнат бидејќи собите им биле исполнети со чад.

Медицинската сестра која загина, се обидувала да го угасне пожарот со противпожарен апарат. Зградата наводно неодамна ја минале безбедносната проверка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски