Најмалку 21 лице загина во експозијата во Бангкок, а повеќе од 120 се повредени

Од:

Бројот на загинати во вчерашниот атентат во тајландската престолнина Бангкок изнесува 21 лице, а ранети се над 120, соопшти полицијата, цитирана од француските медиуми.

-Бројот на загинати е 21, а на ранети 123 лица, рече портпаролот на полицијата Правут Таворнсири, пренесува БТА.

Досега е потврдена смртта на 10 Тајланѓани, еден Кинез и еден Филипинец.

Управата за имиграција на Хонг Конг вчера соопшти дека во експлозијата загинале двајца жители на Хонг Конг и дека уште шестмина се ранети.

Од рано утрово експертите од тајландската полиција се на нозе и на местото на екплозијата бараат докази за да утврдат кои се извршителите на нападот. Според властите, атентаторите се странци кои сакале да му наштетат на туризмот и на економијата на оваа земја.

Тајландските власти располагаат со јасна слика од видео камери на ликот на човекот кој ја подметнал експлозивната направа во Бангкок, информира командантот на копнените сили, генерал Удомдеж Ситабутар, пренесе ТАСС.

Генералот изрази мислење дека е можно организаторите на атентатот „да им се одмаздуваат на властите за неодамнешните активности“. Тој не ја прецизираше веројатната националност на атентаторот, но локалните медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата, тврдат дека камерите датиле маж кој наликувал на Арап.

Премиерот на Тајланд, Прајут Чан-оча за денеска свика итна седница на владиниот кабинет и со претставници на армијата и специјалните служби.

Министерот за одбрана, Правит Вонгсувон, изјави дека атентатот веројатно претходно бил испланиран од група луѓе. Тој додаде дека мотивите на организаторите остануваат нејасни.

Експлозијата одекна синоќа околу 19 часот по локално време на фрекфентна крстосница во деловниот и туристички дел на градот,во близина на трговски комплекси, на неколку метри од храмот на хиндуистичкиот бог Ераван.

Тајландската полиција соопшти дека мажот, кој е баран како осомничен за атентатот во центарот на Бангкок веројатно и припаѓа на група која и се спротивставува на воената хунта и е роден во североисточниот дел на земјата, пренесоа француските медиуми, цитирајќи го тајландскиот премиер Прајут Чан-оча.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници