Најмалку 20 загинати во пожарот на главната железничка станица во Каиро

Од:

Најмалку 20 лица загинаа, а 40 луѓе се повредени во пожарот на главната железничка станица во Каиро, јави египетската државна телевизија.

Воз удри во бетонски блокови на крајот од платформата број 6, додека влегувал во станицата Рамсес во центарот на Каиро, по што дошло до експлозија и пожар.

Египетскиот премиер Мустафа Мадбули и министерот за социјална солидарност Гада Вали пристигнаа на местото по несреќата.

Мадбули соопшти дека е формиран технички комитет за да се утврдат одговорните за инцидентот.

– Нема да толерираме небрежност, истакна тој.

Главниот обвинител на земјата испрати тим на иследници да ја истражат несреќата.

Во Египет во последните години се случија неколку железнички несреќи.

Во јули 2018 година, 55 лица беа повредени кога воз излета од шини, јужно од Каиро. Во февруари, повеќе од 10 лица загинаа при судар на два воза во египетската провинција Бехеира.

Повеќе од 40 лица загинаа во август 2017 година во судар меѓу два патнички возови во крајбрежниот град Александрија.

Најголемата железничка несреќа во Египет се случи во 2002 година, кога се запали патнички воз, при што загинаа повеќе од 360 лица.

 

Би можело да ве интересира

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година до денес

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

Пожар во Ниш, едно лице загина, повреден е пожарникар

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Татко и ќерка загинаа во пожар во Лазаревац