Најмалку 20 лица загинаа во напади што ги извршиле вооружени лица врз неколку села во регионот Тилабери во западен Нигер, соопшти гувернерот на тој регион Ибрахим Тијани Катчела.
Тој рече дека напаѓачите се уште не се идентификувани и оти нападите биле извршени со мотоцикли.
Регионот Тилабери граничи со Буркина Фасо и Мали, и во него упоришта имаат исламистички милитанти, кои се поврзани со Ал Каеда и т.н. Исламска држава.