Најмалку 20 загинати при експлозии во ресторан во Сомалија

Од:

Најмалку 20 лица загинаа денеска во две експлозии што се случија во еден ресторан во сомалискиот главен град Могадишу, кој најчесто го посетуваат владини службеници.

Како што соопшти сомалиската полиција, прво бомаш-самоубиец се саморазнел во внатрешноста на ресторанот, а набрзо потоа пред објектот експлодирал автомобил-бомба.

Турската агенција Анадолија јави дека при нападот се повредени голем број лица, од кои неколкумина сериозно, па затоа е можно конечниот биланс на загинати да биде поголем.

Првично беше соопштено дека во експлозиите во ресторанот, кој се наоѓа во близина на владината зграда, се ранети најмалку 20 лица.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Истиот ресторан беше цел на напади на екстремистите од групацијата Ал Шабаб во ноември минатата година, кога загинаа голем број цивили.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија