Дваесет полицајци загинаа во самоубиствен напад врз полициска станица во Авганистан. Во нападот повредени се осум полицајци.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата Логар, истакна дека нападот се случил во Пул-и-Алам, административен центар на провинцијата, 80 километри источно од Кабул.
Се уште никој не презел одговорност за нападот.